Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ/фото: Bosko Zaborski

Златен медал за Стефан Стојановиќ на Светската Премиер карате лига за млади во Венеција

Каратистот на „Макпетрол“ Стефан Стојановиќ, успеа да го освои златниот медал во највозрасната категорија на постари јуниори (U21) +84 кг. На завршниот турнир на Светската 1 Премиер лига во Венеција, Италија, учествуваа 4000 спортисти од 81 држава. Венеција го доби статусот на најголем и најмасовен натпревар за млади каратисти во светот.

Стојановиќ го освои златниот медал, совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Стојановиќ во елиминацискиот дел до финалето извојува четири победи.

Резултати Карате 1 Младинска лига:
У-21
+84 кг

Стефан Стојановиќ – Мика ван Вундерберг (Холандија) 5-0
Стефан Стојановиќ – Џонатан Росигноли (Италија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Александер Дејвис (Луксенбург) 2-2
Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина) 1-0
Финале
Стефан Стојановиќ – Олександар Козлијан (Украина) 3-1

Со оваа победа и освоениот златен медал, Стојановиќ покажа зашто е редовно најдобар каратист во светот до 21 година во категоријата над 84 килограми. Ги исполни очекувањата на тренерот Петар Заборски и ја заокружи оваа година на најубав начин со освоен златен медал во Младинската најмасовна и најголема светска лига. Со овој резултат останува да биде прв или втор на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација), до крајот на 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот