Златан Ибрахимовиќ ги изненади сите со новиот клуб! (ВИДЕО)

twitter.com/wakilton

Фудбалскиот свет е шокиран, благо кажано, иако и во изминатиот период Швеѓанецот знаел да се пошегува кога е во прашање неговата иднина како професионален играч.

На својот „Инстаграм“ профил Златан Ибрахимовиќ ги изненади своите фанови и верни љубители на фудбалот со новата видео објава, нешто што личи на информација како потпис за нов клуб.

Тој официјално се раздели со ЛА Галакси, веќе почнаа шпекулациите за негово враќање на европско тло, во Англија, Италија, Шпанија.

View this post on Instagram

@hammarbyfotboll

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Навивачите не можат да поверуваат во ваквиот евентуален трансфер потег на Швеѓанецот, односно тој објави снимка од дрес на шведскиот клуб Хамарби, прво од предната страна, а потоа и од задната страна каде што се појави неговото презиме.

Својата кариера ја започна токму во Шведска, поточно во Малме, а потоа започна интернационална кариера бранејќи ги боите на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Ретко сега кој би поверувал дека Хамарби ќе биде новиот клуб на Ибра. Екипа која сезоната ја заврши на третото место во шведскиот шампионат за 2019 и ќе игра во првото коло од квалификациите за Лига Европа наредното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот