Жозеп Борел: Во Појасот Газа гладот се користи како „воено средство“

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика во седиштето на Обединети нации изјави дека недостига помош за Појасот Газа, а гладот се користи како „воено средство“.

Оваа хуманитарна криза … не е природна катастрофа, не е поплава, не е земјотрес, таа е вештачки создадена, посочи Борел.

Тој додаде дека помошта што влегува во Појасот Газа по копно е далеку под нивото од пред војната.

„Кога бараме алтернативни начини за давање поддршка, по море или од воздух, мораме да потсетиме дека тоа мора да го направиме бидејќи природниот начин на обезбедување поддршка преку копно е затворен, вештачки е затворен“, истакна Борел.

Според него гладот се користи како воено средство, додавајќи дека „кога го осудуваме ова што се случува во Украина, мораме да ги користиме истите зборови и за тоа што се случува во Газа“.

Борел постојано го критикува Израел за неговото однесување за време на војната во Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 31.000 Палестинци, главно жени и деца, според Министерството за здравство на територијата на Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот