Жител на скопско со воздушна пушка убил куче-миленик

Извор: Фејбсук / илустрација

Жител на скопското село Бразда вчераутро пријавил дека неговото куче-миленик угинало откако било застрелано со воздушна пушка во селото, соопшти полицијата.

„На 07.04.2023 во 07.30 часот во СВР Скопје, И.А.(42) од с.Бразда, скопско, пријавил дека на 06.04.2023 околу 19.30 часот во селото, едно лице со воздушна пушка го застрелало неговото куче – домашен миленик, кое подоцна починало“, пишува во полицискиот билтен.

Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот