Жестоки борби кај Бахмут, „Вагнер“ тврди дека неговите борци го зазеле селото Красна Гора

Бахмут/ Фото: Dimitar DILKOFF / AFP / Profimedia

Првиот човек на руската паравоена група „Вагнер“ денеска изјави дека неговите борци го зазеле селото Красна Гора, неколку километри северно од градот Бахмут, околу кој се водат жестоки борби во последните денови.

„Денеска, јуришните единици на Вагнер го зазедоа локалитетот Красна Гора“, рече Евгениј Пригожин, соопшти неговата прес-служба.

Оваа изјава не е потврдена од независни извори.

Бахмут е еден од клучните градови што Москва со месеци се обидува да го освои. Руските сили пресекоа неколку патишта до градот, што е од големо значење за снабдување на украинските војници.

На 11 јануари, групацијата Вагнер објави дека го зазела Соледар, поголемо населено место, недалеку од Красна Гора.

Два дена подоцна руското Министерство за одбрана објави дека Соледар е освоен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот