Жестоки битки за освојување на клучниот град Севернодоњецк – Досега во Украина загинале 30 илјади руски војници

Севернодњецк руско знаме EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Денеска е 96-от ден од војната во Украина. Фокусот на борбите се одвива во донбаската област, пред се во градот Севернодоњецк клучен град, со чије заземање русите ќе ја ставата целата луганска област под контрола.

Гувернерот на Лугансск утринава изјави дека „За жал, непријателот напредува кон градот“

Руската армија напредува од предградијата на Северодонецк кон централните делови на градот, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдаи за украинската државна телевизија.

Во меѓувреме украинскиот генералштаб соопшти дека од почетокот на војната на 24 февруари досега се убиени повеќе од 30.000 руски војници. Русија не ги објави своите жртви од средината на март, кога призна дека повеќе од 1.300 руски војници загинале за време на „специјална воена операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот