Женскиот младински хор при МКЦ

Женскиот младински хор при МКЦ освои Прва награда на меѓународен натпревар во Херцег Нови

Под водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава, Женскиот младински хор при МКЦ се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари, со што ја продолжува низата успеси на меѓународната сцена.

По освоената Гран-при награда во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со Прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора. На фестивалот настапуваа 29 хорови од повеќе европски земји од кои 24 зедоа учество во натпреварувачкиот дел.

Нашиот хор се претстави на три фестивалски сцени, Црквата Св. Јероним, салата „Парк“, како и на сцената „Под градскиот саат“, и на сите настапи предизвика овации кај публиката и останатите хорови учесници. Освен Првата награда за хорот, маестро Сашо Татарчевски ја доби и специјалната награда од жирито за најдобар диригент на фестивалот.

Женскиот младински хор при МКЦ и во својата 53-та година од постоењето го потврди својот статус на континуирано квалитетен и највреден бренд на Младинскиот културен центар во Скопје, како и македонски културен амбасадор на меѓународната сцена.

Ваквите врвни резултати се возможни само доколку се има институционална поддршка, односно, во случајот на Женскиот младински хор при МКЦ, колку поголема поддршка, толку побројни врвни резултати. Во оваа 2025та година редовната работа на ЖМХ, настапите низ нашата земја, како и дел од претставувањата во странство ги поддржаа Министерството за култура и туризам и градот Скопје, известија од тимот на МКЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот