Жена уапсена на Косово, бараше одмазда за смртта на иранскиот генерал

Фото: Топ ченл

Според полицијата во упадот во нејзиниот дом се најдени неколку електронски уреди и други релевантни докази.

Претставници на полицијата во вторникот ја уапсија Икбале Бериша- Худити, која на социјалните мрежи јавно критикуваше за убиството на иранскиот генерал, Касем Сулејман, заканувајќи се дека ќе има одмазда за неговото убиство.

Таа е позната во јавноста за своите врски со иранските официјални лица. Според полицијата во упадот во нејзиниот дом се најдени неколку електронски уреди и други релевантни докази.

-Во текот на претресот во домот на осомничената се најдени неколку електронски уреди и други релевантни докази. Осомничената е уапсена и со наредба на Обвинител е испратена на издржување-се вели во извештајот.

Икбале Бериша- Худути ги критикуваше лидерите кои го подржаа нападот на САД. Таа имаше споделено напис на BBC и пишуваше дека одмаздата за смртта на генералот набрзо ќе дојде.

-Се очекува одмазда. Синџир на дејствија и одмазда може да ги приближи двете земји во директна конфронтација. Иднината на Ирак и Вашингтон може да биде доведено во прашање. Стратегијата на Трамп, ако и воопшто ја има за регионот може да се тестира како никогаш порано. Филип Гордон, кој беше координатор за Блискиот Исток и Персискиот Залив го опиша убиството како малце повеќе од изјава за војна на американците кон Иран- пишуваше Игбале Худити.

Таа во Косово има отворено и верска фондација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот