Жена, пливајќи во Јадранското Море, била погодена од гром

јадранско море
Фото: Архива

Жена денеска била погодена од гром додека пливала во Јадранското Море во Сплит. Со повреда на главата, таа била пренесена во Клиничкиот болнички центар, јавија медиумите од Далмација.

Жената пливала на плажата Кашјуни, а луѓето кои биле во нејзина близина веднаш ја извлекле од морето.

Според неофицијални информации на „Слободна Далмација“, жената ја повратила свеста дури кога ја извадиле на брегот.

Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата излегле на местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот