Жена од Ел Славадор ослободена по седум години во затвор поради абортус

Лилијан од Ел Салвадор, жената осудена поради абортус/ Фото : Marvin RECINOS / AFP / Profimedia

Жена од Ел Салвадор е ослободена од затвор по повеќе од седум години откако беше осудена бидејќи абортирала. Салвадорката Лилијан (28) беше осудена на 30 години затвор во 2015 година, пишува Би-Би-Си.

Таа родила девојче во јавна болница во 2015 година, но бебето доживеало здравствени компликации и таму починало три дена подоцна. Ел Салвадор има еден од најстрогите закони против абортусот во светот и абортусот таму е забранет.

Обвинителите ја обвинија Лилијан дека не се грижела за плодот за време на бременоста, а таа била обвинета за невнимание и тешко убиство. Лилијан, која има 10-годишна ќерка, отсекогаш тврдела дека е невина и вели дека никогаш немала намера да ја прекине бременоста.

„Ве молам престанете да обвинувате и прогонувате други невини жени како мене“ вели таа.

Групите кои ја поддржуваа Лилијан рекоа дека таа била ослободена во декември, но дека информациите за нејзиното ослободување се објавени дури сега.

Тие рекоа дека одлуката на судијата да ја ослободи Лилијан се заснова на фактот дека таа била во ранлива ситуација во болницата кога го изгубила своето дете.

Целосна забрана за абортус во Ел Салвадор била воведена во 1998 година. Не вклучува исклучоци во случаи на силување или кога бременоста претставува ризик по здравјето на мајката. Жените прогласени за виновни за прекинување на бременоста се соочуваат со затворска казна од две до осум години.

Меѓутоа, во многу случаи обвинението се менува во тешко убиство, кое предвидува минимална казна од 30 години. Се верува дека десетици жени во затвор во Ел Салвадор имале абортуси.

Некои жени беа ослободени во последните години поради кампањи на групите за човекови права, но некои се уште се во затвор и отслужуваат повеќедецениски казни, пишува Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот