Ждреб за ФА Купот: Фаворитите се избегнаа во полуфиналето

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Денес беше извлечена ждрепката за полуфиналето во ФА Купот, а по ждребот се најавува дерби на Манчестер во финалето, секако ако фаворитите ја оправадаат таквата улога.

Манчестер Јунајтед ако успее да го елиминира Фулам во полуфиналето ќе игра против Брајтон, додека Манчестер Сити ќе оди на Шефилд.

Јасно е дека гигантите од Манчестер се огромни фаворити, но и на Островот веројатно посакуваат такво финале. Првите натпревари се играат на 22-ри и 23-ти април, додека финалето е закажано за на 3-ти јуни на „Вембли“.

Maнчестер Сити со вчерашната победа против Барнли од 6:0 е првиот тим кој го обезбеди полуфиналето, „граѓаните“ овој трофеј го освоија во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот