Зголемен обем на работа во Одделот за интервентна кардиоваскуларна хирургија при тетовската болница, потребен е медицински персонал

Фото: Слободен печат

Во одделот за интервентна кардиоваскуларна хирургија при Клиничката болница Тетово досега се третирани над 10 000 пациенти. Кога се пушти во употреба пред 9 години тука се вршеше интервениции претежно на пациенти од тетовско, но сега листата на граѓани кои тука бараат лекарска помош е од ширум државава.

„Ова е добра приказна за градот, нашиот оддел станува голем регионален центар имаме пациенти од цела Македонија, тоа е чест. Тука се третирале над 10 000 пациенти, доаѓаат со ендоваскуларна патологија, имаме планови за наредната година да се прошириме со добивање на нови апарати. Оваа борба и добра приказна за градот ќе продолжи и ова ќе биде стимул младите генерации да продолжат со работа. Имаме покачување на бројот на пациенти. Пред 7 години сме работеле со пациенти и над 70 % од нив биле од Тетово, сега 30% од пациентите се од Тетово, другите се од другите градови. Бројката на пациенти од Тетово останува иста, но сега имаме повеќе пациенти. Имаме план со директорот да се вработи повеќе медицински персонал. Овој центар работи исто така и како едукативен центар,“ вели доктор Ваљон Асани.

Поради зголемениот обем на работа и недостаток на медицински персонал, лекарите се секојдневно изложени на зрачење од апаратите опасно по нивното здравје.

„Ние сега го добивме најновиот апарат, кој што за разлика од другите апарати има помалку зрачење. Внимаваме на себе да не се изложуваме многу на опасност. Алиштата треба да се менуваат дека и тие акумулираат зрачење. Овие проблеми ги имаат речиси сите кои ја работаат оваа професија. Верувам дека ние сме тука за пацинетите и пациентите треба да не третираат подобро и да имаат повеќе разбирање. Верувајте дека има премногу работа има радијација. Ние сме среќни за една работа, што листата на чекање во нашиот оддел е сведена на помалку од 3 дена, заради пациентите сме тука и ние не дозволуваме пациентите да чекаат“, дополни доктор Асани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот