Земјотрес со интензитет од 4,2 степени во југозападна Романија

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во 8 часот и 26 минути во областа Горж во југозападниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика.

Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а најсилно се почувствувал во Таргу Џиу, кој се наоѓа на 20 километри од епицентарот.

„Бев во кревет и силно се тресеше под мене. Мислев дека сме се спасиле од земјотресите, но забележувам дека тие повторно се активираат во нашата област“, ​​рекол жител на Таргу Џиу, цитиран од весникот „Адеверул“.

Денешниот земјотрес бил почувствуван и во Хунедоара и Петросани. Локалните жители велат дека бил краток, но силен.

Последниот земјотрес во Горж е забележан на 21 март. Тој беше со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, потсетува „Диџи“. Најсилниот земјотрес беше на 14 февруари со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кога беше предизвикана голема материјална штета и стотици луѓе бараа обештетување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот