Земјата „ѕвонеше“ цели 20 минути – никој не знае зошто

Необичен настан кој се случи на 11 ноември пред неколку години ја збуни целата научна заедница – мерните инструменти примиле необјаснети сеизмички бранови кои потекнале од локација оддалечена на 24 километри од брегот на еден француски остров меѓу Африка и Мадагаскар, пишува хрватски „Експрес“.

Најчудно од сѐ е тоа што не станувало збор за зејотрес, а научниците навистина не знаат што точно се случило. Дали станувало збор за метеорит, подземен вулкан, таен нуклеарен тест или неидентификувани сили, никој нема одговор, пишува „Ancient Code“.

Брановите кои ги регистрирале сеизмичките апарати доаѓале од брегот на островот Мајот, а набрзо потоа се огласиле и сезмичките сензори во Замбија, Кенија и Етиопија, кои ги забележале истите промени.

Фактот што и тие ја забележале оваа сеизмичка активност на почетокот не изгледало невообичаено, но набрзо сеизмичкиот бран продолжил да патува сѐ додека на крајот не го примиле и научниците во Чиле, Канада, Нов Зеланд, па дури и на Хаваи, кое е оддалечено речиси 17 илјади километри.

Таинствен феномен предизвика нашата планета да „заѕвони“ како големо ѕвонче во период од 20 минути, а ниту еден човек не почувствува нешто необично, констатираат медиумите.

Според „Експрес“, тоа е една од најмистериозните работи кои можеле да се случат, оставајќи ги експертите комплетно збунети.

Геран Екстрем, сеизмолог од Универзитетот Колумбија, објасни дека додека нашата планета ѕвонела како големо ѕвонче, брановите одржувале монотони и ниски фрекфенции.

Како функционираат земјотресите

Обично кога се случуваат земјотреси, научниците на своите апарати примаат кратка и остра пукнатина, бидејќи поради напнатоста во земјената кора која се отпушта се создаваат импулси на препознатливите сеимички бранови, кои зрачат кон надвор од местото на кое се случил земјотресот.

Првенствено, постојат таканаречени примарни бранови или П-бранови, кои се најбрзата врста на сеизмички бранови. Овој тип на сигнал е прв кој пристигнува во сеизмичката станица и така научниците дознаваат за интензитетот на земјотресот. П-брановите се движат низ цврстите карпи и течностите.

Откако ќе ги примат П-брановите, научниците обично откриваат и „секнундарен бран“. Секундарните бранови ги поместуваат честичките нагоре и надоле. Овие бранови се вторите најбрзи сеизмички бранови кои ги забележуваат сеизмолозите.

Потоа, научниците идентификуваат и „површински бранови“. Оваа врста на бранови патува само низ земјената кора. Тие имаат пониски фрекфенции од другите бранови и лесно се разликуваат на сеизмограмите.

Како што објаснуваат експертите, површинските бранови речиси во потполност се одговорни за штетата и уништувањето поврзано со земјотресите.

Немало бранови

Најнеобичната работа поврзана со феноменот кој се случил е тоа што научниците и сеизмограмите не детектирале ниту примарни ниту секундарни бранови. Научниците регистрирале само длабоки, резонантни, површински бранови.

Уште понеобичната работа е тоа што површинските бранови не „грмеле“ како обично што прават земјотресите, а наместо тоа научниците регистрирале почиста, речиси музичка фрекфенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот