Земја во фокус на 6. фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“ е Турција

Фестивалот „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во МКЦ

Под слоганот „Летаме заедно“, шестото издание на Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје. Фестивалот ќе понуди многу настани, активности и креативни изрази во едукативна и забавна атмосфера за малите и големите.

Годинава фестивалот „Литера“ го става акцентот на Турција како земја во фокус, а публиката ќе има можност да ги истражи културата, литературата и уметничките дела од оваа богата земја.

Двајца исклучително талентирани илустратори од оваа земја ќе бидат гости на фестивалот и ќе го споделат нивното богато меѓународно искуство со нашите илустратори и автори. Нивните дела ги освоија срцата на публиката ширум светот и се сметаат за меѓународно признати професионалци во својата област.

Исто така, за првпат, фестивалот ќе организира и Саем за литература за деца, што ќе им овозможи на посетителите да откријат нови наслови и автори во светот на литературата за деца.

„Литера“ предвидува бројни активности и настани, вклучувајќи работилници, мастеркласови, литературни читања, книжевни и многу други забавни и едукативни активности за децата и возрасните. Овие настани не само што ги поттикнуваат децата да се вклучат во литературата и уметноста, туку и создаваат основа за понатамошни соработки и пријателства.

– Воодушевени сме како овој настан континуирано расте и воспоставува силни врски во областа на литературата за деца и илустрацијата, придонесувајќи за развојот на младите читатели и креирање на критичка заедница – посочуваат од фестивалот „Литера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот