Зеленски: Русија стана терористичка држава

Украинскиот претседател Владимир Зеленски
Украинскиот претседател Владимир Зеленски / EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање ја нарече Русија терористичка држава.
„Светот мора официјално да утврди дека Русија стана терористичка држава”, рече Зеленски, повторувајќи ги неговите постојани барања за уште построги санкции против Москва, за дополнителна испорака на оружје за украинските војници и за затворање на украинскиот воздушен простор.
Во своето деветминутно обраќање, украинскиот претседател рече дека „вистинската заштита” за неговата земја е предуслов за каков било напредок во мировните преговори со Русија.
„Моите приоритети во преговорите се целосно јасни: крај на војната, безбедносни гаранции, суверенитет, враќање на територијалниот интегритет, реални гаранции и вистинска заштита на нашата земја”, рече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот