
Зеленски предупредува дека Москва планира уште најмалку две офанзиви оваа есен
Русија планира уште две големи офанзиви до крајот на есента, по трите неуспешни од почетокот на годината, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Sky News на 16 септември.
Препорачано
„Пред нас се две тешки кампањи. Тие веќе имаа три обиди, но сите пропаднаа“, рече Зеленски, додавајќи дека Москва трпи огромни човечки и материјални загуби.
Изјавата доаѓа по извештаите дека Владимир Путин им порачал на американски претставници дека сака целосно да го освои Донбас до крајот на 2025 година. И покрај тоа, според Kyiv Independent и Ројтерс, Русија од ноември 2022 година освоила помалку од еден процент дополнителна украинска територија.
Зеленски ги отфрли тврдењата дека Русија може да заземе градови како Суми, нарекувајќи ги „лажни и манипулативни“. Тој потсети дека новата руска офанзива во Сумската област ова лето завршила со пораз и дека украинската одбрана останува стабилна.
Според проценките на Економист, Русија изгубила околу 31.000 војници помеѓу мај и јули оваа година, додека украинскиот Генералштаб наведува дека вкупните загуби на Москва од почетокот на војната надминуваат 1,1 милион.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
6мин
-
8мин
-
11мин
-
12мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5