Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат за изгласаниот пакет помош

Зеленски / Фото EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја поздрави одлуката на американскиот Сенат, кој го усвои законот за пакетот помош за Украина, Израел и Тајван вреден 95 милијарди долари.

„Благодарен сум на сенаторот Чак Шумер, на лидерот на демократите во Сенатот Мич Мекконел и на секој американски сенатор кој ја поддржа континуираната испорака на помош за Украина додека се бориме за слободата, демократијата и вредностите што сите ги чуваме“, рече Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

Тој додаде дека за Украина, продолжувањето на американската помош „помага да се спасат човечки животи од рускиот терор“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот