Зекири: Потпретседателите на партијата ги предлага претседателот по конгресот

Фото: Фејсбук

 Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска не откри детали дали повторно ќе биде предложен за потпретседател на партијата.

Прашан дали на престојниот конгрес на партијата ќе биде предложен за потпретседател, Зекири на денешната прес-конференција, рече дека тоа е право на претседателот на партијата.

Потпретседателите на партијата, како што појасни, не се бираат на конгрес, туку нив ги предлага претседателот на партијата по конгресот.

– На конгресот не се избираат потпретседатели на партијата. Тоа право го има претседателот на партијата. Тој ги предлага потпретседателите по конгресот. Согласно статусот, сега имаме четири потпретседатели, но ова е право на претседателот на партијата, рече Зекири

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот