Зечевиќ: Вредностите на НОБ се наша водилка, да се обединиме и да обезбедиме европска иднина за младите

Миле Зечевиќ на трибина во Валандово/Фото: СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, попладнево ги продолжи интензивните теренски активности во Југоисточниот регион од државата. По средбите во Струмица и Радовиш, Зечевиќ се сретна со членовите и симпатизерите на СДСМ од општина Валандово.

Да се биде дел од СДСМ значи да се биде биде на вистинската страна на историјата, но значи и обврска, задача, да се работи за иднината на младите, порача Зечевиќ. На Денот на општината и ослободувањето на Валандово, тој потсети на вредностите на НОБ и идеалот на нашите предци.

– СДСМ почива на вредностите на НОБ, ние сме наследници на борбата и идеалите на нашите предци. Нивното дело, нивната генерациска борба ги постави темелите на слободна и независна македонска држава. Политичката борба на оваа генерација македонски политичари е врз основа на тие вредности да се избориме за европска иднина на младите, рече Заечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ повика на обединување околу концетот на Европска Македонија и максимална мобилизација на членовите на партијата.

– СДСМ е зајакната и внатрешно консолидирана, повторно на победничките патеки. Се согласуваме со тоа како треба да изгледа македонската иднина, дека нашиот европски пат треба да заврши со полноправно членство во ЕУ. Потребно е обединување и максимална мобилизација за остварување на македонската национална цел.  За тоа ќе биде потребна и вашата помош, заедно да покажеме кој е вистинскиот пат за нашата преубава татковина.  Со заеднички сили да им ја обезбедиме европската иднина на младите македонски генерации. Тоа е наша должност и обврска, рече Зечевиќ.

Работата на СДСМ како на централно, така и на локално ниво е пример за работа во интерес на граѓаните и државата, додаде Зечевиќ посочувајќи го успешниот пример во работата на градоначалникот на Валандово од редовите на СДСМ, потпретседателот Перо Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот