Збогум на вишокот килограми: Научниците развија таблета која помага во слабеењето

девојка слабеење
Фото: Pixabay

Тим американски научници осмислија ново оружје во борбата против екстремната дебелинавибрирачка таблета која се пие пред јадење. Истражувањата покажаа дека оваа таблета – вибрации (VIBES) или вибрирачки јадлив биоелектричен стимулатор – создава чувство на ситост и ја намалува количината на храна што се јаде, пишува „Гардијан“.

Во првата фаза од клиничките испитувања, се покажало дека оваа таблета по само 30 минути активност ја намалува количината на храна што ја внесуваат свињите за дури 40 отсто.

Таблетите со своите вибрации ги активираат рецепторите во желудникот и на тој начин симулираат дека храната е веќе во него.

Желудникот на тој начин почнува да испраќа сигнали до хипоталамусот, дел од мозокот, зголемувајќи ја количината на хормони кои создаваат чувство на ситост и и го намалуваат чувството на глад.

„Вајбс го замисливме како таблета која некој ќе ја испие на релативно празна стомак 20 или 30 минути пред очекуваниот оброк за рано да го разбуди чувството на ситост“, напишал тимот.

Доколку се покаже како ефикасен кај луѓето, неговото производство би чинело помеѓу 1 цент и 1 долар по таблета, поради што би можело да биде подобро решение од во моментов постоечките лекови како семиглутид, за кои треба да се издвои најмалку 100 евра месечно.

Вибрациите ги покренува батерија во таблетата и тие почнуваат кога желудочната киселина ќе ја растопи мембраната во таблетата.

Ова, велат тие, е неинвазивен метод за борба против дебелината, а остатоците од таблетата го напуштаат телото како и секој отпад.

– Овој пристап обезбедува алтернативен и потенцијално синергистички пристап на моментално постоечките терапии. Таблетата нема никакви несакани ефекти – рекол Џовани Траверсо, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).

Вибрирачка таблета е со големина на стандардна мултивитаминска таблета, опремена со вибрирачки мотор кој е безбеден за голтање и се напојува со мала батерија од сребрен оксид. Штом таблетата ќе стигне до желудникот, желудочната киселина го раствора нејзиниот надворешен слој, затворајќи го електронското коло и почнувајќи да вибрира.

Истражувањето поврзано со тестирањето на таблетите беше објавено во списанието „Саенс“ (Science).

Тимот на Траверс претходно ја истражуваше електричната стимулација на слузницата на желудникот, откривајќи го нејзиниот потенцијал да предизвика глад. Откритието отвора нови можности за лекување на проблеми поврзани со апетитот, како што е недостигот на апетит кај луѓето со рак. Осврнувајќи се на важноста на нивната работа, Траверсо го нагласува истражувањето на стимулацијата во различни делови на гастроинтестиналниот тракт, со цел да се повтори чувството на ситост.

– Кога јадеме, се чувствуваме сити, а прашањето е: дали можеме да го предизвикаме тоа чувство на ситост? Можеме ли да ја создадеме таа илузија? – вели Траверсо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот