Заврши Мундијалот за судијата од натпреварот Холандија – Аргентина

Фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Шпанецот Матеу Лахоз повеќе нема да суди натпревари на Светското првенство во Катар. Лахоз ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина и тој се покажа како негов последен на овој Мундијал.

Во Катар ќе се одиграат уште четири натпревари, двете полуфинални средби, натпреварот за трето место и финалето, а ФИФА нема да смета него.

Имено, соопштено е дека ФИФА по натпреварот Холандија – Аргентина во кој имаше бројни тензии на теренот и надвор од него нема да смета на Лахоз за завршницата. Очигледно ФИФА за случувањата на таа средба го обвинува токму Лахоз кој подели дури 15 жолти картони.

Според многумина шпанскиот арбитар слабо го контролираше натпреварот и не одржуваше дисциплина помеѓу фудбалерите. Првото полуфинале се игра утре помеѓу Аргентина и Хрватска и главен судија на овој дуел ќе биде Италијанецот ФИФ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот