Затемнување на Сонцето во Вага на 14 октомври: Ни носи откривање на нашите скриени таленти и внатрешна рамнотежа

Фото: Pexels/Alina Vilchenko

Можеби нема да можеме да го замислиме точното патување на кое ќе не одведе овој циклус на затемнување на Сонцето на 14 октомври и, веројатно, ќе ни биде тешко да ја видиме поголемата слика – но, таа се создава и ќе најдеме време да се прилагодиме на промените.

На колективно ниво, циклусот на затемнување Овен-Вага ги поттикнува нашите врски и начинот на кој избираме да бидеме во нив. Тоа, исто така, делува на нашето чувство за внатрешна сила и самодоверба, потсетувајќи нè дека секој од нас веќе го има она што му е потребно за да води најдобар можен живот.

Бидејќи Овенот и Вагата се кардиналните знаци на зодијакот, многу е веројатно дека на ова патување ќе тргнеме со повеќе сила, подобри лидерски вештини, а можеби дури и некои новооткриени таленти.

Првото затемнување што го доживеавме во циклусот Овен-Вага беше во април 2023 година. Сетете се на случувањата од вашиот живот во тој период. Не е дека истите теми ќе се повторат, но можеби она што го доживеавме во тој период е подготвено за надградба или ќе доживееме ново поглавје од тие случувања.

Можеби ќе ни биде тешко да ги ставиме сите „коцки“ на своето место, па ќе биде корисно да почнеме да водиме дневник за да ги запишуваме своите искуства, кои ќе бидат нагласени во овој период. Веројатно, кога ќе погледнеме наназад, подобро ќе го согледаме патот по кој одиме, пишува „Сенса“.

Затемнување на Сонцето

За да добиеме повеќе насоки за ова затемнување на Сонцето, треба да ја погледнеме планетарната активност што ќе се случува околу него. Може да очекуваме теми поврзани со рамнотежата во животот. Вагата е таа што ги регулира давањата и примањата во животот. Ако сме дале/примиле премногу или премалку, балансот може да се ресетира. Можеби ќе откриеме дека сите ситуации што се случуваат под ова затемнување, ќе нè вратат таму каде што ќе почувствуваме поголема хармонија.

Треба да најдеме начин да соработуваме со другите луѓе. Всушност, една од најмоќните лекции кои ни ги дава Вагата е да најдеме внатрешна рамнотежа, а потоа да ја примениме и во односите со другите преку соработка.

Вагата, исто така, владее со нашите односи, така што ова може да биде тема што ќе се појави за време на затемнувањето. Одредена врска може да започне во нашите животи или да се најдеме во ситуација во која ќе треба да ги процениме нашите интеракции со таа личност.

На пат кон балансирање…

Ќе се најдеме во ситуација во која ќе треба да бидеме верни на она што сме и да не ги преземаме енергиите од другите луѓе. Ќе забележиме кои теми ни се важни во врските, а можеби и ќе се најдеме во т.н. борба за превласт со некого.

Енергиите на ова затемнување ќе нè насочат и кон исцелување, што може да помогне да ги подобриме нашите односи, начинот на кој се поврзуваме со другите и начинот на кој избираме да ја изразиме нашата вистина.

Ова затемнување е моќно бидејќи ќе го нагласи она што ни треба и ќе им овозможи на оние околу нас да знаат како најдобро да нè поддржат.

Од ова затемнување ќе излезе голема хармонија. Можеби на почетокот се чувствуваме изгубени, но ќе се најдеме на пат со поголем мир и себеприфаќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот