
Застреланиот доктор Шахини е во стабилна состојба
Министерството за здравство соопшто дека „со вознемиреност ја примило веста“ за пукањето во Куманово и нападот во кој беше повреден доктор Зекирија Шахини, кој е и носител на советничката листа на ДУИ во Општина Липково на претстојните избори.
Препорачано
„Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и закрепнува“, велат од Министерството.
Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација, велат од МЗ.
Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти.
Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот. Повикуваме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство. Министерството ќе ја следи состојбата на доктор Шахини и навремено ќе информира за сите значајни промени, се додава во соопштението на МЗ.
ВИДЕО: Снимки од местото во Куманово каде беше ранет лекарот и кандидат за советник Шахини