Застрашувачки момент снимен на камера: Се урна плочник во Кина, проголта две лица (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Двајцата се спасени од тим на пожарникари и префрлени во болница.

Во кинескиот град Чунгкинг, надзорна камера го снимила моментот кога плочник се урнал и проголтал две лица. За среќа, двајцата преживеале, а видео снимката од овој настан веднаш стана вирална.

Видеото кое е објавено на социјлните мрежи пред неколку дена, шокираше многумина на социјалните мрежи.

На него се гледа како две лица мирно си одат по патот, се до моментот кога под нив се руши плочникот. Двајцата се спасени од тим на пожарникари и префрлени во болница.
Жената поминала со повреда на ногата која ѝ била згмечена од камен, додека мажот се здобил со полесна повреда на главата, пренесува Њујорк пост.

Поради колапсот на плочникот отворена е истрага, иако се верува дека причина за инцидентот е тоа што неодамна имаше обилни дождови кои предизвикаа свлечишта низ Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот