Засилено полициско присуство во Северна Митровица пред полагањето заклетва на новиот градоначалник

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Припадниците на косовската полиција утрово во голем број биле видливи на сите раскрсници и улици кои водат до зградата на општина Северна Митровица.

Полицијата од рано изутрина во голем број е распоредена околу самата зграда на Општината.

Полициски службеници ангажирале и возило кое отстранува непрописно паркирани автомобили околу главниот мост на Ибар.

Ситуацијата во градот на Ибар е мирна, но забележлива е тензија. На местата каде што има полицајци помал е бројот на граѓани кои главно избегнуваат да се движат по тие улици и ги прашуваат новинарите што се случува и зошто од утрово има толку многу полицајци во градот.

Да потсетиме, во 11:00 часот треба да положи заклетва новоизбраниот градоначалник на Северна Митровица, Ерден Атиќ,од партијата Самоопределување,  кој победи на изборите на 24 април, кои ги бојкотираа Србите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот