
Запуштениот кеј на Вардар стана срам за скопјани, тврдат од ЛДП
Некогашен симбол на убавината и чистотата на Скопје, кејот на Вардар денес претставува срам за скопјани, запоставен и запуштен, велат од Либерално-демократската партија, од каде повторно прашуваат дали Скопје има градоначалник.
Препорачано
Кејот на Вардар, кој требаше да биде гордост на главниот град, денес е неискосен и неисчистен, со непристојни количества отпад и диво израсната вегетација. Ова не само што влијае на изгледот на нашиот град, туку претставува и сериозен ризик по здравјето и безбедноста на граѓаните – истакнуваат од ЛДП.
Оттаму апелираат до надлежните институции итно да преземат мерки за расчистување и одржување на овој важен јавен простор.
Кејот на Вардар заслужува да биде вратен во својата полна слава и повторно да стане место на гордост за сите скопјани. Повикуваме на одговорност и посветеност од страна на локалните власти во исполнувањето на нивните обврски кон граѓаните – се вели во соопштението од партијата.


Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
53мин
-
8час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5