Фото: Град Скопје

Започнува изградбата на булевар Македонија , во втората фаза ќе се поврзува со подземната улица кај „Лимак“

Град Скопје започнува со изградба на булеварот Македонија, голем сообраќаен проект со кој треба да се растовари сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин.

Градоначалничката на Град Скопје со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“ – информираа од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Оттаму велат дека реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, а значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

Во првата фаза која се реализира предвидени се и нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот