Започнаа промените во Баерн: Си заминува човекот кој ги откри Дејвис и Мусиала

Фото: fcbayern.com

Големата чистка во Баерн која ја најавуваа германските медиуми започна уште пред сезоната да заврши. Неочекувано од клубот потврдија дека заминува техничкиот директор Марко Непе (37) кој во клубот помина десет години.

Непе на позицијата технички директор дојде пред две години и три месеци, претходно од 2017-та година беше главен скаут на Баерн и во таа улога имаше прилично голем успех. Според изјавата на претседателот на Баерн Јан-Кристијан Дресен разделбата е спогодбена.

„Сакам да му се заблагодарам на Непе на долгата и плодна соработка. Во текот на тој период славевме многу успеси и Непе е заслужен за откривање на таленти како Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала кој во Баерн созреаа во играчи од светска класа. Непе беше важен фактор во планирањето на тимот и создаде одлична скаутска мрежа преку која реализираше бројни трансфери“, изјави Дресен.

Во јавноста се огласи и самиот Непе кој се заблагодари на довербата.

„Му благодарам на Баерн на довербата во изминатите години. Беше предизвикувачки, возбудливо и успешно, освоивме тројна круна во 2020 година. На Баерн и на навивачите им посакувам најголеми успеси. Среќен сум што имав прилика Баерн да биде дел од мојата кариера“, изјави Непе.

Ќе потсетиме, од претходно веќе е познато дека на крајот на сезоната заминува Томас Тухел и сигурно дека ќе има и промени во играчкиот кадар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот