Законските измени за повеќе работни часови не се само за автопатиштата, велат од ССМ

Архива на СП

Измените во законот за работни односи, што моментално е во собраниска процедура, би можело да значи дополнителни работни часови и за работници што не се вклучени во проектот за автопатите, оценува во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на „Алсат“ Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Измените и дополнувањата на законот за работни односи, како што е наведено таму, се однесуваат само за дејности од национален интерес. Меѓутоа, владата ништо не ја спречува сѐ да прогласи дека е национален интерес…во принцип законот значи дека нема горна граница за прекувремена работа. Сакаат да го тргнат и недела како неработен ден. Тоа значи дека работниците ќе работат 7 дена во неделата, по 12 часа дневно и ќе бидат изложени на тешки физички работи“, рече Трендафилов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот