Законот за критериумите на конзулите е сменет во 2015 година и од тогаш не се бара високо дипломатско звање, вели Османи

Бујар Османи - министер за надворешни работи /Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека делот од Законот што предвидува високо дипломатско звање за конзули е сменет во 2015 година по барање на тогашниот министер и во критериумите не се бара од конзулите да имаат високо дипломатско звање и врз основа на тоа решение се испратени и претходни конзули.

Одговарајќи на новинарско прашање за реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат околу изборот на конзули, Османи истакна дека не го коментира Синдикатот и оти ги поттикнува да биде погласни во одбрана на правата на вработените, но вели дека е осетлив кога има елементи на етничка дискриминација.

Во изминативе две недели предложив четворица конзули, од кои двајцата не беа Албанци и не се од МНР и тие не беа споменати и тоа е нешто што мене ме вади од кожа бидејќи поттикнуваме политички, синдикален активизам. Не ја демонизирајте интеграцијата на Албанците, бидејќи тоа е најдоброто нешто што и се случило на оваа држава. Тие што бараат алтернатива од интеграција е дезинтеграција и тоа нема да го дозволиме и нема да дозволам дебата на синдикалното организирање е етничката дискриминација, но делот од законот што предвидува високо дипломатско звање за конзули е сменето во 2015 година по предлог на тогашниот министер така што не е обврска во критериумите за конзули да имаат високо дипломатско звање. Врз основа на тоа решение се испратени и претходни конзули – додаде Османи.

Македонскиот дипломатски синдикат претходно го критикуваше Османи дека испраќа конзул во Њујорк, кој нема дипломатско звање. Тие велат дека Синани кој неодамна е вработен во МНР од приватна фирма не ги исполнува условите во странство, а имаат и информација дека тој забрзано треба да полага испити за да се унапреди три нивоа погоре, за неговото упатување да биде приспособено на законските барања за упатување на ниво на генерален конзул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот