Заканувачите испратиле лажни дојави за бомба на приватните адреси на 14 скопски професори

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 16.15 часот завршија потребните проверки во врска со денешната пријава со закана за поставена експлозивна направа, по добиените пораки на приватни електронски адреси на 14 професори, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа е извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот