Захарова смета дека Украина по барање на странски разузнавачки служби ја нападнала руската флота на Крим

Марија Захарова / Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Украинскиот напад врз руската црноморска флота на Крим „е извршен на барање на американските и британските разузнавачки служби“ и во координација со нив, изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.

– Нема сомнеж дека нападот бил планиран со користење на западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО и извидувачки авиони, рече Захарова.

Таа додаде дека нападот во петокот бил извршен „на барање на американските и британските разузнавачки служби и во тесна координација со нив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот