Загинаа шест лица-Израел го нападна градот Џенин од воздух

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Војната меѓу Израел и Хамас влезе во својот 92 ден, а тензиите на Блискиот Исток растат. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека нејзините воени авиони извршиле напади врз два „значајни“ воени комплекси на Хезболах во Либан, како одговор на претходниот напад на либанската милитантна група врз северен Израел.

ИД тврди дека во воздушен напад во Газа бил убиен Исмаил Сираџ, командант на баталјонот Нусејрат на Хамас, за кој израелските власти велат дека го извршил масакрот во Кибуц Бера и другите погранични заедници на 7 октомври.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика воената офанзива во Газа да продолжи додека не се постигнат сите нејзини цели. Разузнавачката единица на ИД предупреди дека Хамас се подготвува да го нападне Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот