Загинаа 30 лица во напад на џихадистите во Буркина Фасо

Архива

Во напад, што им се припишува на џихадистите во Буркина Фасо загинаа 30 лица, од кои 15 војници, 11 цивили и четири лица кои работеле во армијата, јави денеска Министерството за одбрана, пренесува Франс 24.

Нападот се случил завчера истовремено во неколку села во близина на границата со Нигер, соопшти министерството, додавајќи дека областа сега е под воена контрола.

Буркина Фасо е цел на напади на џихадистите уште од 2015 година, особено во областите во близина на Мали и Нигер.

Џихадистите се тесно поврзани со Ал Каеда и Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот