Заев за Камчев: Ако снима секаде, можно е да ме снимал

Во интервју за неделникот Фокус, премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста бизнисменот Орце Камчев да го снимал и него лично како што тоа го сторил и со останатите. На прашање дали постои можност Камчев кога го посетил кабинетот на Зоран Заев да го пријави рекeтот да снимал, премиерот вели:

„Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци.“

На средбата со Камчев, премиеров вели дека не видел докази за инволвираност на Јанева во „Рекет“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот