Заев во никој случај нема да коалицира со Ахмети

Коалицијата Можеме предводена од СДСМ прогласи победа на денешните парламентарни избори. Како што брифираат од СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, во никој случај нема да коалицира со неговиот довчерашен партнер, Али Ахмети.

Пред „Белата палата“ штама, се слуша само славењето од ОК СДСМ Центар (ФОТО+ВИДЕО)

Според информации на Слободен печат, ДУИ нема да биде дел од идната влада. Во комбинација за формирање влада се Алијанса на Албанците на Зијадин Села и ДПА на Мендух Тачи. Со овие партии, велат од СДСМ, ќе формираат собраниско мнозинство од 62 пратеника.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот