Заев: Верувам дека до пролет ќе има правно решение за реонот околу спомен-плочата на Мајка Тереза

Фото: mia/printscreen

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека до пролет ќе има правно решение со цел да се отстрани „плоштад градилиштето” кај спомен-плочата на Мајка Тереза на градскиот плоштад.

– Без разлика на желбите на Владата, на премиерот и на одредени други функционери, што можете да направите од нешто во кое што се потрошени народни пари и е дојдено до состојба во којашто треба да одлучите дали ќе го продолжите, дали ќе го отстраните или слично. Морате секогаш да внимавате и на правните аспекти на самите постапки. Овде се спроведени јавни постапки склучени договори, потпишани луѓе, преземена одговорност и слично. По слушањето на гласот на граѓаните одлуката е јасна и и кај нас како Влада, но и кај Градот Скопје, овој објект треба да се отстрани, за да може да диши градот, истакна премирот, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали ќе се отстрани „плоштад градилиштето” кај спомен-плочата на Мајка Тереза.

Тој нагласи оти верува оти до оваа пролет ќе има веќе правно решение за да може оваа пролет да ае отстрани овој објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот