Заев: Свесен сум дека кратењето на платите е непопуларна мерка, мора да се поставиме државнички

Во емисијата „360 степени”, Заев посочи дека изедначувањето на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, односно оние што во последните години имале повисоки примања, логично е и повеќе да помогнат на државата.

Свесен сум дека кратењето на платите во администрацијата е непопуларна мерка, но ова е ситуација во која не можеме да калкулираме, мора да се поставиме државнички и ова да го поминеме на нозе, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на гостување во телевизија „Алсат”.

Во емисијата „360 степени”, Заев посочи дека изедначувањето на платата на сите е на линија на солидарноста на граѓаните, односно оние што во последните години имале повисоки примања, логично е и повеќе да помогнат на државата.
– Во услови кога се замрзнати кредитите за три месеци, во услови кога се замрзнати целосно извршувањата, логично е, солидарно, сите да го понесеме овој товар. Зошто? Богатите биле научени да живеат побогато, па сега наеднаш ќе им стане тешко? Не, туку тие во оваа ситуација ќе отстапат најмногу од својот приход. Се претпоставува дека овие службеници со повисоки примања имаат акумулација во банка или заштеда дома, затоа што низ годините наназад секогаш земале повисоки плати. Еве на пример, ќе илустрирам со премиерската плата, која во ситуацијава ќе се намали за повеќе од 70 илјади денари. Ако мериме според просечната плата, која во декември била околу 25 илјади денари, тоа значи дека просечно кратиме по 10 илјади денари на секој административец, појасни Заев.
Додаде дека со кратењето на платите во администрацијата практично парите од намалените плати нема да одат во Владата, туку ќе останат во самата институција за да таа може да биде финансиски подготвена да ја преброди економската криза.
– Да го земеме пример претпријатието Македонски шуми. Парите што ќе се скратат од вработените таму, се пари кои нема да одат во Владата, туку ќе останат во самото претпријатие, за да претпријатието има  финансиска кондиција да ја преброди економската ситуација, истакна Заев.
Додаде дека сите трошоци во Владата се сведени на минимум со државните возила, мебелот, дневниците на службениците во обид на секој можен начин да заштедат пари за кризата.
Посочи дека целиот пакет мерки што го предложиле како партија е насочен кон работниците и к0он стопанството, кон тоа да се сочуваат работните места.
– Економската криза ќе има далеку поголеми последици од здравствената и затоа е подобро да се преземат превентивни мерки во духот на солидарноста, смета Заев.
Според него, не доцни вториот пакет мерки ако се има предвид дека импактот од кризата се очекува во април, а мерките се однесуваат на помош во плати, работници, ликвидност на стопанството за месеците април и мај.
– Најлошото сценарио е да имаме 30-40 проценти наплата за приходи во буџетот, односно ќе недостигаат 60 проценти кои нема да можат да се реализираат. Оттука и одлуката за кратење по принципот на солидарност односно сведување на платите во администрацијата на минимална плата од 14.500 денари. Ако недостатокот е околу 2 милијарди и 200 милиони евра, тоа се некои 60 проценти , добивме усна потврда за 600 милиони од ЕУ , што значи недостигаат уште 1 милијарда и 600 милиони, истакна Заев во емисијата „360 степени” на телевизија Алсат.
Прочитајте и...  Датумот за избори сѐ поблиску, договорот сѐ подалеку

Прочитај повеќе

ОПЕК: Се разгледуваат две опции за следниот период

Слободен печат

Хамнеи: САД се однесуваат кон другите, исто како полицајците кон Флојд

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен пензиониран полицаец кој се обидел да спречи грабеж за време на протестите во САД

Слободен печат

„Комунална хигиена”-Скопје со апел за навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на отпадот

Слободен печат

Полска: Претседателските избори ќе се одржат на 28 јуни

Слободен печат

Јавниот долг на Грција се приближува до 200 отсто од БДП: Земјата спас гледа во туристите и кредиторите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Четири лица починаа, 101 нов случај на Ковид-19 во земјава

Слободен печат

Филипче на состанок со Комисијата за заразни болести, координација за делување во жариштата на коронавирусот

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ апелира да се извештачат телефоните на Боки 13 и Заев

Слободен печат

Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19

Слободен печат

89-годишна пациентка од болницата за геријатрија, оздравела од Ковид 19!

Мирослава Бурнс

Отворено писмо од Шербеџија за нападите од медиуми кон Тозија – Не треба да се предадеш!

Слободен печат