Заев: Северна Македонија е уникатна држава, членство во НАТО е постигнување на историска цел

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Членство во НАТО значи постигнување на една историска цел, тоа е голема придобивка за нашата земја и целиот регион, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прескоференција со американскиот државен сеkретак Мајк Помпео.

– Члентвото во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е остварување на историска цел. Досега пристапниот протокол за НАТО, го ратификуваат 22 земји и со оптимизам очекуваме во блиска иднина тоа да го сторат сите држави членки. Сакам да се заблагодарам на САД за досегашната поддршката и ја очекуваме за брзо веста дека протоколот ќе се ратификува и во САД – рече Заев.

Тој како што рече го информирал Помпео за за достигнувањата на актулната влада, за тоа дека е ослободена заробената држава и дека се зајакнати институциите.

-Северна Македонија е уникатна држава во регонот зошто нема проблеми со соседите, по потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија. За 10 дена ја очекуваме веста од Брисел за отворање на преговорите, очекуваме да биде награден напредокот на реформите , а тоа ќе ги охрабри и другите зекји за да постигнат  решение. Стабилен Балкан е од интерес на ЕУ – рече Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот