Заев премиер со полн мандат, МВР оди кај ДУИ?

Фото: МИА

ДУИ ќе раководи со МВР и уште неколку силни министерства и Талат Џафери повторно ќе биде претседател на Собранието, а интегративците ќе се откажат од намерата за премиер по етнички клуч и со владата ќе раководи лидерот на СДСМ Зоран Заев со полн мандат.

Дали е ова суштината на политичкиот договор за идната влада што се очекува да ја формираат СДСМ и ДУИ ќе се знае денеска по средбата на лидерите Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби, што ќе почне во 14 часот во Клубот на пратеници.

Според индормации на агенцијата „Ина“ од извори од СДСМ, договорено е Заев како победник на изборите да има целосен мандат без да му се наметнува ротирачки премиер.

„Како компромис, ДУИ се согласи да го води Министерството за внатрешни работи и неколку други важни министерства, така што ДУИ ќе има многу поголема моќ во новата влада. Можеби е прифатливо техничкиот премиер да биде предводен од човек на ДУИ на 100 дена пред изборите, тоа би било прифатливо за СДСМ. Но, сè уште не можеме да кажеме со целосна сигурност дали СДСМ ќе ја предводи Владата со целосен мандат“, објави „Ина“.

Во јавноста се шпекулира и дека ДУИ нема да го добие МВР, туку министерствата за финансии, за надворешни работи и за администрација. Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, според пишувањата на некои медиуми, ќе биде министер за правда, а Фатмир Бесими од ДУИ ќе биде министер за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот