Заев: Познато е дека Зекири не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот Зоран Заев во коментар на изјавата на потпретседателот на опозициската партија, Мухамед Зекири, кој рече дека не сака коалиција со ДУИ, иистакна дека во владејачката партија има други луѓе кои сакаат коалиција со ДУИ.

Премиерот изјави дека веќе е познато оти Зекири не сака коалиција со ДУИ.

– Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ. Најсатирично е што на крајот граѓаните кажуваат со кого ќе коалицираме на изборите. Затоа велам бројките се неприкосновени, тие ќе ја одредат идната коалиција – рече Заев.

Заев додаде и дека коалицијата со ДУИ е стабилна и несогласувањата се решаваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот