Заев најави пет големи инвестиции во Македонија

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во емисијата „Отворено Студио“ на ТВ Шења, зборуваше за придобивките кои ги носи интеграцијата во НАТО.

Според него сигурноста и стабилноста на државата и граѓаните е првата и главна придобивка, додека втората придобивка ќе биде од економски аспект.

Заев откри дека Владата го има поминато законот за брзи инвестиции, со што според него се отвора патот за пет големи инвестиции кои тежат стотици милиони евра, а кои ќе бидат реализирани по интегрирањето на земјата во НАТО.

– Овие компани, треба видливо да придонесат како во пазарот на труд, така и на економскиот стандард и порастот на плати во приватниот сектор – изјави Заев.

Во врска со можните коалиции, Заев рече дека се уште е рано, и дека одлуки ќе се носат после анализите. Заев рече дека тие ги слушаат пораките што доаѓат од граѓаните.

– Врз база на овие пораки од граѓаните ќе носиме и одлуки. Заслужуваме уште еден мандат и не смееме да направиме грешка и да ја изгубиме оваа можност – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот