Заев – Мурати: Независноста на судските институции е основен предуслов за владеење на правото и правната држава

Актуелните прашања од сферата на уставното судство и правосудството, беа тема на разговор на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.
Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати го информирал премиерот Заев за неодамна остварената посета на Турција каде што нашата делегација на Уставниот суд оствари средби со највисоки претставници на уставното право на Турција, како и со претставници на правосудните и политичките институции на оваа земја на кои било разговарано за можната соработка, особено во делот на размената на искуства од работата на судските институции во двете земји.

На средбата, меѓу претседателот на Владата Заев и претседателот на Уставниот суд Мурати станало збор и за целосната поддршка која Владата ја пружа за јакнење на капацитетите и независноста на судските институции во сите инстанци, вклучително и независноста на Уставниот суд, како основен предуслов за владеење на правото и правната држава.

Двајцата соговорници на средбата се согласиле и за неопходноста од натамошно обезбедување на материјалната и финансиска самостојност на работењето на Уставниот суд и другите институции во правосудниот систем за целосното остварување на нивната независност согласно принципите за поделба на власта во општеството.

Заев и Мурати, како што стои во соопштението, се согласни дека Уставниот суд треба да продолжи да ги следи и практикува меѓународните стандарди и искуства кога е во прашање домашното уставно право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот