Заев до Мицкоски: Ќе изгубиш во цела држава, затоа што народот не сака да се враќа во режим

Зоран Заев, Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат, колаж

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Кочани истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат ништо ново, туку само сакаат политички да профитираат, но на Истокот немаат што да бараат затоа што ќе изгубат и во број на градоначалници и во број на гласови.

– Уште не беше пристигнал, побрза на Фејсбук да напише дека е во Кочани и се борел против пожарите. Исто како што се „бореше” против коронавирусот, со сликања од мобилниот телефон, со пишувања објави на Фејсбук, со ширење лажни вести, а во меѓувреме блокираа сѐ во Собранието. Сега блокираат Клинички центар, трајно вработување на 4.700 наставници, блокираат отпис на камати за долгови, блокираат недела неработен ден, истакна Заев.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само враќање назад, но граѓаните тоа нема да го дозволат и на 17 октомври ќе го поразат и ќе го изберат „Најдоброто за својата општина”.

– Од Кочани да му кажам една вистина на Мицкоски, а тоа е – ќе изгубиш и овде и во цела држава, затоа што народот не сака да се враќа во режим, народот не сака повторно да молчи. Народот сака напред, сака слобода и демократија и проекти на локално ниво, повисоки плати и пензии, нагласи Заев.

Освен во Кочани, караванот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина” вечерва одржа собири со граѓаните и во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, каде беа претставени кандидатите за градоначалници Виктор Ангелов и Горанчо Крстев, како и кандидатските листи за советници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот