Заев: Белград и Приштина да се угледаат на Преспанскиот договор

Фото: Фејсбук

Премиерот Зоран Заев, смета дека Белград и Приштина треба да го земат Договорот од Преспа како модел за решавање на косовското прашање.

Коментирајќи го дијалогот меѓу Белград и Приштина, Заев синоќа за „Клан Македонија“, рече дека Брисел треба безусловно прво да ги либерализира визите за граѓаните од Косово.

„Лидерите на Косово и лидерите на Србија им должат на своите граѓани иднина, перспектива. Не е лесно за обете страни, но нека научат од нашиот пример со Грција, рече Заев.

Тој додаде дека „вратите на минатото мора да се затворат кога ќе се отворат прозорците на иднината“.

Заев зборуваше и за феноменот нон-пејпер, кои, како што вели, се „промотори на националистичката политика во регионот“ со проектот за формирање на партијата Илирида во Македонија и тие излегуваат на површина секогаш кога Европа е слаба.

„Тие треба да бидат сигнал до Бугарија и Брисел дека процесот на интеграција на регионот во ЕУ треба да продолжи интензивно. Тоа е враќање на долгот кон Западен Балкан“, рече Заев.

Според него, одговорот на Европа на ваквите проекти за промена на границите на Балканот треба да биде зајакнување на процесот на европска интеграција за земјите од регионот.

На оние кои, како што рече, ги промовираат националистичките идеи во С. Македонија, Заев изјави дека нема да победи на локалните избори на ниту едно ниво. Тоа, како што рече, веќе не се случува во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот