Забрзана трка во вооружување, екс-ју земјите најголеми купувачи на американско оружје

Oклопни возила 6 ЈЛТВ за потребите на македонската армија/ ФОТО: Славјанка Петровска, facebook

На територијата на поранешна СФРЈ, половина од шесте нови држави набавиле модерни американски борбени возила од компанијата Ошкош, кои се познати по основната ознака JLTV (Заедничко лесно тактичко возило). Имено трите држави Словенија, Македонија и Црна Гора вкупно нарачале 294 примероци од овие возила, кои Армијата на САД ги користи уште од 2016 година и сега се употребуваат во сè поголем број на држави, пред се меѓу членките на НАТО.

Како што објави реномираниот портал Балканска безбедносна мрежа Словенците на 13 декември официјално ги претставија 38-те нови JLTV возила кои беа вооружени и предадени за употреба на единиците за одбрана на земјата. Според информациите Љубљана планира да набави вкупно 129 JLTV возила од ваков тип до крајот на 2024 година.

Во меѓувреме Армијата на Северна Македонија (АРСМ) летово ги доби првите парчиња од почетната транша од 33 JLTV возила. Согласно долгорочниот план за набавка на АРСМ, од американската Ошкош се планира набавка на вкупно 98 JLTV возила во различни варијанти.

Интересно е што црногорската армија (МЦГ) отиде најдалеку со набавката на JLTV со тоа што подготви вод од овие возила за нивниот контингент кој ќе се приклучи на борбената група на НАТО во мисијата „Зголемена будност“ во Бугарија која треба да се одржи во јануари 2023 година. Црна Гора нарачува 67 возила од типот JLTV, од кои првите 20 беа распоредени уште во 2020 година. Според најавите би требало следната година да заврши процесот на добивање нови технологии за овие возила.

Црногорските оклопни возила JLTV/ФОТО: gov.me/mod

Инаку во сите три земји, JLTV се во единици кои се декларирани за мисии предводени од НАТО. Словенците имаат две декларирани борбени групи, Македонија една, а Црногорците две чети. Станува збор за модуларни станици со балистичка заштита во кои, во зависност од потребите на конкретната задача, може да се постави тежок митралез Браунинг М2ХБ од 12,7 мм, автоматски фрлач на гранати Мк 19 од 40 км или пешадиски митралези М240Б од 7,62 мм или 5,56 мм М249. Куполата на возилото е стабилизирана и има свој сензорски блок – дневна камера со моќен зум, термална камера и ласерски пронаоѓач на опсег.

Американско борбено возило JLTV во словенечката армија /ФОТО: slovenskavojska.si

Според објавата Словенците следната година и во 2024 година треба да добијат уште 91 JLTV возила. Некои од овие возила ќе бидат со платформи за противоклопни наведувани ракетни системи. Слично како и Словенија и АРСМ го користи истиот систем за вооружување М153 како словенечкиот JLTV.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот