Забетонирано тело на дете во Колорадо, полицијата трага по уште две деца

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Телото на детето било пронајдено закопано во бетон во магацин во Колорадо, а официјалните лица во Пуебло објавилe дека бараат уште две деца како дел од истрагата за убиство.

Остатоците биле откриени откако на 10 јануари непознато лице пронашло метален контејнер во магацин кој бил исполнет со бетон, соопшти полицијата во средата.

Идентитетот на жртвата ќе го објави коронаторот на округот Пуебло, откако ќе ги извести членовите на семејството.

Полицајците не објавија никакви информации за возраста на жртвата или кога се верува дека детето починало.

Инспекторите извршиле разговор со две лица од интерес за случајот.

Пуебло е град со околу 110.000 жители и се наоѓа на 72 километри јужно од Колорадо Спрингс.

Имено, полицијата во Пуебло трага по две деца кои се исчезнати во 2018 годин и во тоа време имале пет и три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот