За Водици во Илинден верниците ќе скокаат по крстот во езерото кај „Белви“

Фото: EPA PHOTO EPA/Georgi LICOVSKI/gl-fob

По повод претстојниот празник Богојавление, Водици, во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото кај  хотелот „Белви“, на која главен покровител е Општина Илинден.

Се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2024, петок, со почеток во 12 часот, со својата масовност да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.Сите заинтересирани учесници за манифестацијата, кои сакаат да го фатат крстот од водите, можат да се пријават во просториите на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден. За најсреќниот учесник кој ќе успее да го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци – соопштуваат од Општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот