За влез во ресторан влезница од 3 евра: Тоа е нужност, сѐ е поскапено, вели сопственикот

Фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Сопственик на еден ресторан во Германија вовел плаќање билет за влез во објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен ако не станува збор за деца.

Билетот чини три евра, а причината е драстичниот раст на сите влезни трошоци – од намирници до енергија.

Хорст Ингендорн, сопственик на ресторан во германскиот град Рејтингер, изјави за WDR дека нема избор,

-Месото е поскапо за 30 до 50 отсто, зеленчукот за 30 отсто. Маслото за пржење поскапе за повеќе од 100 отсто, а трошоците за енергија за 2.000 отсто, се жали тој.

Тој заклучил дека мора да преземе нешто и тоа веднаш.

-Наместо да го сменам менито и да ја зголемам цената на водата и другите услуги, решив да ги воведам тие три евра по човек, објаснува германскиот угостител. -Гостите со кои разговарав го разбираат тоа и мислам дека отвореноста и искреноста се всушност прилично добри, вели Ингендорн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот